Груевски: Тимската работа не движи напред

 Оваа политичка гарнитура работи како тим, составена e од силни индивидуaлци кои работат како тим и тоа е нашата предност која ја движи државата напред.

Тоа го порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва на митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ барајќи поддршка за претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов.

На својата држава, посочи Груевски, можеш да и помогнеш најдобро ако работиш многу и чесно и ако си во добра кординација со Владата, а токму тоа го правеше Ѓорге Иванов. 

- Во овие години Македонија виде што значи единствено во државниот врв што е еден од условите за успех. Тоа е она обратното од она што ни се случуваше кога претседател беше Бранко Црвенковски, наведе Груевски.

Тој оцени дека во изминатите пет години Владата, претседателот Иванов, и претседателот на Парламентот функционирале како тим Македонија и затоа, како што рече, успеваме.

За Иванов истакна дека е посветен претседател што секогаш бил со народот и никогаш не правел условувања како неговиот претходник.

- Со Иванов  сите видовме како треба да се биде претседател на РМ. Тој беше претседател кој покажа како треба да се бранат интересите на државата и неуморен во борбата да стаса секаде и кај секого што може да помогне. Одејќи кај луѓето, слушајќи ги, соочувајќи се со нивните проблеми, Иванов секогаш останал со народот

04.04.2014 - 22:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега