Пјонгјанг: САД да се откаже од намерите за менување на режимот во Северна Кореја

Заменик-амбасадорот на Северна Кореја во ОН, Ри Тонг-ил ги предупреди денеска САД дека какви било мерки преземени од официјален Вашингтон со цел промена на режимот во Пјонгјанг ќе се сметаат за преминување на црвената линија и ќе резултираат со соодветни контрамерки.  

Ри Тонг-ил на денешната прес-конференција истакна дека САД „планираат да извршат промена на режимот“, обвинувајќи го Вашингтон дека ги зајакнува тензиите со тоа што спроведува воени вежби со Јужна Кореја, што во Советот за безбедност на ОН инсистира на осуда на ракетните тестирања од страна на Пјонгјанг и што ја критикува состојбата на човековите права во Северна Кореја.

Тој, исто така, нагласи дека Владата во неговата земја „многу јасно најавила дека ќе спроведе нови нуклеарни тестирања“, без да соопшти повеќе детали за тоа.

04.04.2014 - 20:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега