Знаете ли што е хименопластика и зошто секоја трета во Тузла е бесплатна?

Хименопластика, враќање на невиноста, е се попопуларна кај нас во регионот. Експертите тврдат дека методот со кој може да се постигне истата е мошне едноставен. Враќањето на невинсота, може меѓу останатото да се изврши и во Центарот за пластична хирургија во Тузла, која ја води доктор Златко Берберовиќ.

Најголем дел од пациентките кои доаѓаат се од Босна. Исто така во голем број доаѓаат и од Италија, Австрија и Белгија, воглавно од ромско потекло, на кои им е потребна невиноста за да можат да стапат во брак“, вели Берберовиќ

Тој посочува дека има случаеви и со жени кои невиноста ја загубиле при силување, и на тој начин сакаат барем делимично да го заборават ужасот кој го преживеале, но имал и необични барања како за подарок за Денот на заљубените или годишнина од бракот. Но, во најголем дел се пациентки кои што се одлучиле на ваков чекор поради тоа што првото сексуално искуство им било лошо. 

Берберовиќ особено памти еден случај во кој во неговата ординација дошла девојка која веќе по трет пат сакала да изврши хименопластика. 

„Се сеќавам кога дојде првиот пат. Беше уплашена и рече дека се мажи за човек кој живее во Саудиска Арабија. Вториот пат пак дојде. Кога се појави и третиот пат, операцијата ја направив гратис и тука нашата приказна заврши. Од тогаш кај мене важи правилото, секој трет пат кај мене е бесплатен“, вели Берберовиќ кој вели дека цената на враќањето на невиноста е прилагодена со стандардите во Босна и Херцеговина. 

Цената на хименопластика е 1400 КМ (околу 715 евра) а доколку дамата повторно одлучи да се почасти ваков зафат, вториот пат цената е двојно поевтина, додека третиот пат е гратис, вели докторот. 

 

04.04.2014 - 20:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега