Се нудат по пет долари за гласачко ливче

Талибанците, кои почнаа жестока кампања за да го попречат успешното одржување на претседателските избори во Авганистан, закажани за утре, на локални жители им плаќаат по пет долари за да им ги предадат гласачките ливчиња, јави БТА.

Жителите на источната провинција Нангархар, која е на границата со Пакистан, тврдат дека локалните талибански борци им нудат по 500 пакистански рупии (пет долари) за да не гласаат на изборите.

- Првично сметавме дека тоа е некаква измама, но потоа дознавме дека навистина даваат пари, изјави Ахмед Шах, жител на село во покрианата Џалалабад.

Во Авганистан утре ќе се одржат претседателски избори, на кои за прв пат претседателската власт ќе биде предадена на демократски начин.

Досегашниот претседател Хамид Карзаи управува со земјата откако кон крајот на 2001 година падна режимот на талибанците.

Талибанците изборите ги сметаат за „измислица“ на Западот и најавија дека ќе сторат се за да го попречат гласањето. 

04.04.2014 - 19:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега