ФОТО/ВИДЕО: Го изгладнувале и мачеле синот со години

Таткото и неговата сопруга (маќеа) од Тексас го изгладнувале несреќното момче, кое изгледа како да бил во концентрациониен логор. Му се гледаат ребрата и коските на нозете кои буквално му се наѕираат низ кожата. На телото имал преголем број на модрици што покажува дека неговиот татко и маќеа го тепале. 

Монстуозната двојка од Тексас, Бредли (24) и Тами Блејмајер (33) го држеле синот на Бредли стар пет години заклучен во плакар под скалите. Таткото и маќеата го изгладнувале и мачеле несреќното момче. 

Момчето чие име не е објавено е целосно неухрането. Стравичниот злочин е откриен благодарение на синот на Тами Блејмајер, која го имала од некои од претходните врски. Шеснаесетгодишното момче се скарал со Брелди и го пријавил случајот во полиција. Маќеата Тами во меѓувреме побегнала со измаченото детенци, но брзо е фатена.

Несреќното момче е префрлено во болница додека Бредли и Тами се уапсени и обвинети за злоставување и загрозување на животот на детенцето. Тами која е трудна и веќе има пет деца, е пуштена на слобода, откако платила кауција од 2000 долари. Бредли е задржан во притвор. 

 

 

04.04.2014 - 19:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа