НЕВЕРОЈАТНО: Деветмесечно бебе обвинето за обид за убиство!

Иако повеќето негови врсници се уште не ни одат, деветмесечниот Пакистанец, Мохамад Муса е далеку пред нив - тој веќе заработи обвинение за обид за убиство.

Малиот Мохамад заедно со неговиот татко и неколкумина соседи бил „приведен“ на 1 февруари, при индицент во кој локални жители на една работничка населба во градот Лахор фрлале со камења врз претставници на гасната компанија кои дошле во инспекција.

Поради ова мавање со камења сите приведени, меѓу кои и деветмесечниот Мохамед, се обвинети за обид за убиство.

Врз основа на обвинителниот акт расплаканиот Мохамед вчера беше изведен пред Судот во скутот на дедо му Мухамед Јасин, кој успеал да го смири со шишенце млеко.

Судијата Рафак Али Камар согледувајќи ја грешката наредил суспензија на  полицаецот кој го покренал обвинението против бебето, но не ја поништил тужбата против малиот Мохамед, кој ќе мора да се јави и на следното рочиште на 12 април.

04.04.2014 - 19:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега