Објавила фотографија од ќеркичката на Фејсбук, па се шокирала што и откриле пријателите!

Кога Тара Тејлор од Тенеси на Фејсбук објавила фотографија од својата ќерка Рајли, веројатно очекувала неколку лајкови и коментари од своите пријатели, но не и дијагноза на ретка болест. Откако ја објавила фотографијата од својата тригодишна ќерка, двајца нејзини пријатели приметиле како левото око на девојчето свети појако. 

Повеќемината помислиле дека станува збор за одсјај од блицот на фотоапаратот, но за среќа, овие пријатели знаеле што би можело тоа да биде. 

„Еј сигурна сум дека не е ништо, веројатно е само блицот, но на твојата ќерка едното око сјае повеќе па би можела да го провериш, можеби има проблем со тоа око“, напишале пријателите на Тара.

Тогаш таа одлучила да го послуша нивниот совет, и да ја однесе ќерката кај лекар, кој пак и дијагностицирал ретка болест која може да предизвика дури и губиток на видот. Но, доколку се утврди на време тоа може да биде спречено. Болеста во најголем дел од случаите се открива на необичен начин, а меѓу нив е и овој случај. 

Тара им се заблагодарила на пријателите што и помогнале да се спречи да се развие оваа ретка болест. 

 
04.04.2014 - 17:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега