ДУИ: На Македонија и е потребно НАТО

 

 Последните случувањa во Крим и изјавите на високите функционери на НАТО за засилување на оваа организација, се јасни пораки по која насока треба да се движи нашата држава. На Македонија и е потребен НАТО денес и во овој момент оти нема посигурен покрив отколку зачленувањето во НАТО и ЕУ.

Oва го истакна портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на денешната прес-конференција.

- Украина е добар пример околу тоа колку е ризично една мултиетничка држава  да  биде надвор од  чадорот на НАТО и поддршката на ЕУ. ДУИ смета дека Република Македонија ги воспоставила темелите на една мултиетничка држава, но и недостига покривот на оваа заедничка куќа за да има сигурна иднина и стабилна перспектива, рече Османи.

Барањето на ДУИ за предвремени парламентарни избори, објасни Османи, имало цел да побара идеи и алтернативи кои ќе им се нудат на граѓаните за отворање на интегративните процеси, а идејата за консензуален претседател е со примарна цел унифицирање на двете поголеми заедници во РМ во  правец на изнаоѓање на заедничкиот пат за овие процеси. Воедно упати апел таа идеја да биде сериозно разгледана. 

04.04.2014 - 15:47
Фото: 
Denesen.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега