По понизните молби до Тачи, Заев сега му се додворува на Ахмети

 

По скандалот кој го обелодени Мендух Тачи и понизниот однос на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кон првиот човек на ДПА и молбите за соработка, она што сега може да се забележи е додворувачки однос на СДСМ кон партијата на Али Ахмети, пишува денеска Курир.

Според информациите на порталот, Заев одлучил да испраќа сигнали и понуда за поблиска соработка до ДУИ, откако со објавувањето на пораките од Мендух Тачи се упропастија сите изгледи за соработка со ДПА.

Во јавноста, пренесува Курир, веќе се појавија СМС пораки со кои Заев се обидувал да го наговори лидерот на ДПА Мендух Тачи на соработка.

-Претседателе. Ве молам да се слушнеме. Барем еден разговор. Благодарам Зоран Заев.

-Перспективите во регионот се воспоставување на соработка со тројката која ќе има  големи  поддрчи  во  иднина, а тоа сте вие, Харадинај и Бериша. Затоа ме подготвуваат и повисоките надвор од  Македонија. Ве молам да разговараме. Зоран Заев, стои во пораките испратени од Заев до Тачи, обелоденети од лидерот на ДПА.

-Дека СДСМ се додворува на ДУИ се гледа во насловите со кои излегуваат медиумите блиски до СДСМ, што според познавачите упатува на извесно кокетирање, нешто на што ДУИ до сега стои рамнодушна единствено поради фактот што и нив им е јасен победникот на овие избори и тоа кој ја има мнозинската поддршка кај гласачкото тело, пишува Курир.

Порталот, повикувајќи се на извори од партијата, пишува дека СДСМ сами брифирале до дел од медиумите кои се под нивна контрола и на тој начин сакаат да издејствуваат поддршка од ДУИ. Па така, на опозициските медиуми може да се прочитаат наслови дека ДУИ пред вториот круг ќе го поддржи Пендаровски.

-Не е исклучено ДУИ пред вториот круг да го поддржи Пендаровски, пишува „Либертас“, порталот во сопственост на еден од главните медиумски перјаници на СДСМ, Ацо Кабранов. 

И порталот „Бриф.мк“, чиј сопственик е пратеничката поддржана од СДСМ, Ленче Николовска пишува дека ДУИ пред вториот круг ќе го поддржи Пендаровски.

Во последно време, пишува Курир, на опозициските портали може да се најдат и промо текстови за активностите на ДУИ, кои за разлика од порано, сега ревносно се пренесуваат во овие медиуми.

„ЕУ И Нато во фокусот на ДУИ“, пренесува Телма, додека Либертас пишува дека  „ДУИ се лути зошто се злоупотребува идејата за консензуален претседател“, пренесувајќи ја изјавата на Ахмети дека „Интегрирањето во ЕУ и НАТО е света задача за ДУИ“.

Според информациите до кои стигнал Курир, ДУИ засега останува имуна на ваквиот додворувачки однос, најмногу поради фактот што и нив според анкетите и информациите од теренот им е познато дека ВМРО-ДПМНЕ е извесен победник на изборите, а со тоа и надежта дека ќе треба да формираат влада токму со ова партија. Секако, пишува порталот, треба да се земе во предвид и фактот  дека доколку би се случила соработка меѓу СДСМ и ДУИ, познавачите сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да остане без одговор по изборите.

04.04.2014 - 15:24
Фото: 
dw.de

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега