Вонредна прогноза: Викендов големо невреме во Македонија

 

Ова е дефинитивно најлошата вест за викендот кој следи. Под влијание на циклонска активност од Медитеранот во земјава во наредните два дена ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд.

Утре како и во недела во текот на денот ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен. Ќе има и појава на грмежи и засилен ветер, а можна е изолирана појава на град. 

Викендов дефинитивно времето не ни се погоди за шетање.

04.04.2014 - 14:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега