Уна од Икс-Фактор: Сакам сите да видат колку сум секси

Познатата водителка Уна Сениќ која ја гледавме во музичкото шоу Икс-Фактор, каде победи скромниот и талентиран Македонец Даниел Кајмакоски, за Стори.рс вели дека е секси и сака да го покаже тоа.

- Сакам да покажам колку сум секси и надвор од емисиите и работата. Носам смели комбинации. Во секој момент помислувам дека нема никогаш да бидам помлада отколку во овој момент, па затоа и сакам да искористам се максимално, вели Уна.

И покрај тоа што се фотографира во секси изданија и носи смели комбинации, водителката открива дека не би се сликала за Плејбој.

- Сакам кратки фармерки и пошироки маички, сакам да се чуствувам опуштено. Сакам да носам нешто во кое се чуствувам добро и пријатно, бидејќи само така можам да се чуствувам секси, додава убавата водителка.

04.04.2014 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега