Канадска компанија откри наоѓалишта на злато во Албанија

Канадската компанија "Ариан" соопшти дека во соработка со компанијата "Синомине интернешенел од Хонг Конг забележала значителен напредок во потрагата по резерви на злато во албанската општина Качинар.

„Откривме наслаги за кои се верува дека содржат висок процент на злато. Aнализите на 61 мостра покажаа дека дека во тон ископана земја има еден грам злато, осум примероци резултираа со 5-10 грама во тон земја, додека кај 12 примероци 10 грама во тон. Најголем процент од 39,4 грама е пронајден кај еден примерок“, изјави генералниот директор на „Ариан", Зариф Данани.

Наводно резервите на злато во ова област се околу 2.435 килограми, чиј износ претворен во пари е прибижно 105 милиони долари.

04.04.2014 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега