Еве што велат од МВР за инцидентите во „Борис Трајковски“

 

Министерството за внатрешни работи продолжува да работи на целосно расчистување и документирање на инцидентите во салата Борис Трајковски кои се случија за време на натпреварот меѓу кошаркарските клубови “МЗТ“ и “Работнички“ од Скопје.

-Апелираме сите граѓани или функционери во некои општини кои имаат какви било информации со кои побргу би се идентификувале лицата учесници во инцидентите, да се обратат во најблиската полициска станица за да не дозволиме ваквите насилници да го расипуваат доживувањето на сите искрени љубители на спортот, стои во соопштението од МВР.

По прегледувањето на снимките, информираат од Министерството, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди одлучил да покрене дисциплинска постапка против еден полициски службеник.

 

 

04.04.2014 - 14:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега