Бијонсе тежи милиони а нејзиниот брат е бездомник!

Верувале или не, славната пејачка Бијонсе има брат бездомник. Имено, таткото на пејачката, Метју Ноулс, некогаш бил во врска со извесна Александра Рајт, со која го има синот Никсон, кој има 4 години.

Александра во меѓувреме банкротирала, а никој од славното семејство не ѝ помогнал финансиски. Алиментацијата која досега ѝ ја плаќал Метју Ноулс паднала од 12.000 долари на 2.400 долари месечно, што очигледно не е доволно.

Бидејќи Рајт немала пари морала да ја продаде куќата во Лос Анџелес и така станала бездомник заедно со својот син.

-Никсон заслужува да го запознае своето семејство и се надевам дека еден ден ќе има прилика да се сретне со својата сестра“ – рече Александра за списанието „In Touch“ 

-Не можам да замислам како Бијонсе се чувствува кога знае дека има брат бездомник. Јас знам што би направила кога би била на нејзино место. Би ја контактирала, но можеби е презафатена со меѓународната турнеја“ – рече Рајт.

04.04.2014 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа