Емина прозборе за измамата тешка 7 милиони евра

Познатата пејачка и судија на Икс-Фактор, Емина Јаховиќ Сандал, конечно прозборе за големата измама поради која со сопругот заврши на Суд.

Пејачката оклу скандалот кратко изјави дека станува збор за пиратерија, поради што заедно со сопругот, Мустафа Сандал, решиле правдата да ја бараат на Суд.

- Тоа е, што да се прави. Имаме проблеми со пиратеријата што се појави во Москва. За тоа ќе се погрижат нашите адвокати, изјави пејачката.

Претходно, убавата Емина исто така крена прашина во медиумите по скандалот кој изби со Илма Карахмет, која си замина од шоуто Икс-Фактор.

04.04.2014 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега