Цеца се отвори: Ми фали љубов!

 

Балканската фолк дива, Светлана Цеца Ражњатовиќ, верува дека ќе пронајде љубов кога најмалку ќе се надева.

- Живеам мирен, повлечен живот и тоа не е некаков стереотип или фолирање. На тој начин не си ускратувам ништо бидејќи љубовта не се брза и бара, таа те наоѓа кога треба. Пријателите со мене се шегуваат дека дома го чекам вистинскиот, изјави Цеца, додавајќи дека не сака многу да излегува па затоа и нема каде додворувачите да ја видат.

Цеца вели дека не се доживува како недостижна бидејќи како и сите жени е ранлива и гладна за љубов, но професијата создава поинаква перцепција за неа.

-Не им пуштам „водички“ на мажите, туку сметам дека на нив е да освојуваат и да се трудат околу мене. Ако ми се допадне, тогаш сум директна и тука нема дилема. Не давам лажна надеж бидејќи сакам фер однос во секоја комуникација.

04.04.2014 - 13:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега