Статистика: Раст на извозот за 22,3 проценти

Според податоците на Државниот завод за статистика, изозот во февруари годинава во однос на февруари лани бележи раст од 22,3 проценти и изнесува 376.474.000 американски долари.

Во првите два месецa се извезени македонски производи во вредност од 696.890.000 американски долари, што е 13,5 отсто повеќе од лани. Вредноста на увозот на стоки во овој период според статистичките податоци инесува 1.070.984.000 американски долари. Покриеноста на увозот со извоз е 65,1 процент. Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, облеката и производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платина и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ  со учество од 64,9 отсто и земјите од Западен Балкан  со 10 проценти.

Во првите три месеци, како што објави Дирекцијата на ТИРЗ, извозот само од зоните изнесува 250 милиони евра со раст од 95 отсто во однос на минатата година., додака минатата година во  првиот  квартал  извозот  од  ТИРЗ  изнесувал  126 милиони евра, што значи дека  повеќе  од  третина  од  македонскиот  извоз  доаѓа од странските инвестиции во технолошко-индустриските зони.

04.04.2014 - 13:32
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега