Цените на угостителските услуги на исто ниво како минатиот месец

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во март годинава се на исто ниво како во претходниот месец, а се намалени за 0,1 отсто во однос на март 2013 година.

Цените на угостителските услуги за периодот јануари-март 2014 година, во однос на истиот период од минатата година се намалени за 0,1 отсто, додека во однос на декември 2013 година се зголемени за 0,2 проценти.

04.04.2014 - 13:23
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега