ВНИМАВАЈТЕ: Манијак мастурбира пред девојчиња во Градскиот парк во Скопје

Манијак слободно шета на скопските улици. Се работи за маж на возраст од 30-40 години кој најчесто може да се забележи во Градскиот парк во Скопје, како се самозадоволува пред девојчиња кои шетаат низ паркот.

Имено, според информациите кои ги испрати читател на Пресс24, манијакот најчесто е облечен во црни тренерки, и се вози со велосипед низ Градскиот парк, а откако ќе забележи девојчиња, застанува, седнува на клупа и започнува да мастурбира пред нив.

Читателката вели дека до сега неколку пати го забележала манијакот додека поминувала низ Градскиот парк и секој пат бил исто облечен и бил со својот велосипед. Освен низ паркот, често поминувал и по кејот на Вардар.

 

 

 

 

 

04.04.2014 - 13:12
Фото: 
сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега