„Старата дама го преслуша Лион“, а Базел и без навивачи ја реши Валенсија

Во мечевите во Лига Европа во 1/4 финалето швајцарскиот тим Базел успеа да го оствари најголемото изненадување и без поддршката на своите фанови, совладувајќи го шпанскиот великан Валенсија со 3:0.

Леонардо Бонучи пак беше херојот на Јувентус кој во 85 минута стрелаше прецизно во мрежата на Лион. 

Идентична победа, но на гостувањето во Холандија, каде за противник го имаа тимот на АЗ Алкмар, забележаа фудбалерите на португалскиот прволигаш Бенфика.

Вториот дерби натпревар, помеѓу претставниците на Португалија и Шпанија, Порто и Севилја, заврши со минимален триумф на домаќинот, а единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 31 минута беше дело на францускиот интернационалец, Елиакуим Мангала.

04.04.2014 - 13:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа