Сјајни вести: Шумахер се буди од кома!!!

Легендарниот возач на Формула 1 и седумкратен светски шампион, Михаил Шумахер, конечно почна да се освестува, по цели три месеци поминати во вештачка кома.

По бројните негативни и црни прогнози, и веста дека светот треба да се спреми за најлошото, конечно неговиот агент, Сабине Кем, изјавила дека денеска за прв пат по три месеци поминати во кома Шумахер реагирал и почнал да се освестува. Според нејзините зборови, тој покажува добри знаци за опоравување.

„Состојбата на Шумахер се подобрува. Остануваме оптимистични“ соопштила таа.

Инаку, тј е во кома од декември по падот на француските Алпи.

04.04.2014 - 12:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега