Од расправија до крвопролевање: “Искршен“ кумановчанец заврши на скопските клиники

Од расправија до крвопролевање во Куманово. 27 годишниот кумановчанец Б.Д. и уште едно засега непознато лице, вчера крвнички го претепале 52 годишниот А.Љ., со безбол палки. А.Љ. заработил сериозни повреди во пределот на главата и нозете. 

Според информациите од полицијата, тепачката се случила во кругот на Медицинскиот центар - Куманово. Причина за инцидентот биле нарушени семејни односи. 

Повредениот бил пренесен во Медицинскиот центар Куманово, но поради сериозноста на повредите, бил префрлен на скопските Клиники.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите. 

04.04.2014 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега