Трета среќа: Џони Деп повторно ќе стане татко

Актерот Џони Деп и неговата вереница Амбер Хирд очекуваат дете, пишува магазинот „Ок“. Амбер неодамна открила дека ќе стане мајка, а. Џони бил пресреќен бидејќи занего ова е трета среќа.

Овој пар неодамна се вери и планира наскоро и венчавка, пред да се роди бебето. Радосната вест ја израдува и болната мајка на Деп која веќе неколку пати изјави дека би сакала уште едно внуче.

- Мајката на Џони се надева дека уште еднаш ќе стане баба пред таа да умре, веќе неколку пати кажала дека сонува да добие уште еден внук, бидејќи тогаш ќе може мирно да умре, изјавува изворот за списанието „Ок“.

04.04.2014 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега