Изборите ќе ги следат и 5.000 набљудувачи на „Излези да гласаш”

 

Коалицијата на граѓански организации „Излези да гласаш“ со 5.000 набљудувачи ќе ги следи сите активности на претседателските и парламентарните избори, кои ќе се одржат на 13. и 27. април.

-Во 2008 учествувавме со 593 набљудувачи. Во 2011 имавме 192 набљудувачи и лани на локалните во првиот крув имавме 3534 а вториот 624 набљудувачи, велат од коалицијата „Излези да гласаш“.

 

Дел од „Излези да гласаш“ се 94 невладини организации. Оттаму апелираат на мирна демократска атмосфера и фер избори и најавувааат дека ќе ги едуцираат граѓаните за нивните избирачки права. 

04.04.2014 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега