Обама го потпиша Законот за помош на Украина и санкции против Русија

Барак Обама потпиша Закон за милијарда долари кредит за Украина, со кој се предвидени и директни санкции за одделни личности во Русија поради припојувањето на Крим.

Американскиот претседател после потпишувањето на Законот се сретна со лидерите на Конгресот за да им се заблагодари, но истовремено апелираше тие да одат чекор понатаму и да ги усвојат измените во Меѓународниот монетарен фонд.

Белата куќа соопшти дека Обама ги информирал лидерите на Конгресот за својата неодамнешна посета на Европа и Саудиска Арабија и им порача дека САД и натаму ќе се залагаат за пружање помош на Украина и изолирање на Русија поради повреда на украинскиот суверенитет.

04.04.2014 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега