Тетовски пензионер изгуби милион денари за неколку часа
78 годишниот Ј.Б. од тетовско Желино остана без своето богатство вредно околу еден милион и двеста илјади денари, откако засега непознати крадци синоќа ја опустошиле неговата куќа, информира денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Тешката кражба била извршена вчера помеѓу 19 часот и 30 минути и 22 часот и 30 минути додека домашните биле отсутни.
- Крадците најпрво насилно го отвориле подрумскиот прозорец и од регал во спалната соба на приземјето одзеле женска чанта во која имало поголема количина златен накит, ќустек, синџир, златници, обетки, прстени, како и сигнален пиштол Екол Арас компакт за кој имало соодветна дозвола за поседување. Вкупната штета според сопственикот изнесувала околу 20 илјади евра, вели Јосифовски за МИА.
Полицијата трага по арамиите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа