Утре стартува кампањата за парламентарните избори

Утре почнува кампањата за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 27 април. Државната изборна комисија (ДИК) одлучи кампањата да биде прекината  на 12 и 13 април, поради првиот круг од претседателските избори.

Во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати на 14 листи поднесени од пет коалиции и девет политички партии.

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја започне со митинг во Скопје, СДСМ со Конвенција исто така во Скопје во недела, ДУИ веќе одржа конвенција за промоција на кандидатите, ГРОМ во недела во Куманово ќе ги промовира своите кандидати...

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, СДСМ и коалицијата и ДУИ имаат поднесено листи во сите изборни единици. ДПА има поднесено листи за ИЕ 1,2,3,5,6,7 и 8, НДП за ИЕ 1,2,5,6 и 7, ПДП само за Шестата изборна единица, коалицијата „За позитивна Македонија“ во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6, коалицијата „Достоинство за Македонија“ во ИЕ 1,2,3,4,5,6 и 8, ВМРО-НП во ИЕ 1,2,3,4,5,6, НДМ во ИЕ 1,2,3,4,5, СДПМ во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6, ПЕП 21 во ИЕ 1 и 2, ПЕИ во ИЕ 1,2,5 и 6, коалицијата ГРОМ во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6.

Листите се веќе утврдени, како изгледот на гласачкото ливче. Залучениот Избирачки список за предвремените парламентарни избори ДИК треба да го потпише, според Роковникот, на 17 април.

04.04.2014 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега