Силиконската кралица ја пријавил клиент - не бил задоволен од сексот

Тијана Џуричиќ, кралицата на силиконите, која беше изведена пред судија под обвинение дека се занимавала со проституција, во полициска станица ја пријавил клиент кој не бил задоволен од услугата која ја добил.

Џиричиќ и нејзиниот клиент се нашле во стан во Белград, на крајот на декември минатата година. Во истиот тој стан клиентот направил и порно-снимка, "девојка за една ноќ". Оваа видео снимка ја дал во полиција како доказ кога ја пријавувал силиконската кралица. 

Од друга страна, Тијана пред Судот одрекувала дека се занимава со најстариот занает на светот. Како што пренесува српскиот Курир, Тијана вели дека се работи за големо недоразбирање.

Инаку, пред само неколку денови таа гостуваше во шоуто Амиџи шоу каде изјави дека бидејќи има многу лица кои погрешно ја разбираат поради силиконите, и и даваат епитети без да знаат ништо за неа.

 

04.04.2014 - 09:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега