Нема договор: Сите кандидати за претседател на СДСМ ќе одат на Конгрес
Нема договор. За претседателската позиција во СДСМ на Конгрес ќе се борат сите четворица кандидати, вели висок партиски функционер за Пресс24.
Зоран Заев, Игор Ивановски и Зоран Јовановски не успеале да утврдат кој да биде единствениот кандидат кој ќе ја добие поддршката на останатите и на јунскиот Конгрес ќе се соочи со Кире Наумов.
Седницата на Извршниот Одбор заврши предмалку и сеуште нема официјален партиски став ниту соопштение.
Пред состанокот вечерва најгласно се говореше дека единствениот кандидат за лидер ќе биде Зоран Заев.
Кандидатурата на Црвенковски поднесена од Иницијативниот Одбор оди директно на Конгрес.
Неофицијално
БЦ на Конгрес директ