Почнува подводната потрага по малезискиот авион

Бродот на австралиската воена морнарица "Oušen šild" ќе ја започне подводната потрага по малезискиот авион од кој со недели нема ниту траг.

Подводната потрага започнува денеска во Индискиот океан, а бродот ќе трага во должина од 240 километри, во јужниот дел на Океанот. Бродот има за цел да ја пронајде црната кутија, која може да даде  одговор на многу прашања.

- Ќе се трага на местото каде авионот би можел да падне. Од тука започнува потрагата во Индискиот Океан, бидејќи според последните информации, авионот со 239 патници би можел да се наоѓа во овој дел од Океанот, вели координаторот на потрагата.

До сега иако потрагата трае со недели, не е пронајдена никаква трага за  исчезнатиот авион.

04.04.2014 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа