Уште еден силен земјотрес го стресе Чиле

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен е почувствуван во северниот дел на Чиле. Нема опасност од појава на цунами.

Според податоците на чилеанскиот сеизмолошки центар епицентарот на потресот бил на 62 километри југозападно од пристанишниот град Икике, на длабочина од 40 километри.

Нема податоци за повредени или материјални штети.

Во средата Чиле беше погоден од земјотрес со интензитет од 8,2 степени по Рихтер. 

04.04.2014 - 09:09
Фото: 
лидер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега