„Фауст“ вечерва во МОБ

Во Македонската опера и балет вечерва ќе биде изведена оперската претстава „Фауст“ од Шарл Гуно.

Премиерата на ова познато дело на сцената на Македонската Опера и Балет, се одржа на 25 октомври 2013 година, по пауза од 30 години.

Во претставата ќе настапат Зоран Сотиров во насловната улога, Иван Томашев, гостин од Србија, во улогата на Мефисто, Маргарета во Олгица Милевска, Валентин во Ристе Велков, Вагнер во Драган Ампов, Зибел во Дејан Стоев и Марта во Марика Поповиќ.

Режисер е Марио де Карло од Италија, диригент Рафаел Шлисерберг од Австрија.

04.04.2014 - 08:51
Фото: 
radiomof.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега