Македонија ќе го одбележи Денот на НАТО
Во Домот на АРМ во Скопје, денеска во организација на Министерството за одбрана и Евроатлантскиот совет на Македонија, ќе биде одбележан Денот на НАТО.
Свое обраќање на одбележувањето ќе има и министерот за одбрана Талат Џафери, по што ќе се говори за историјата, вредностите и целите на НАТО, како и истакнување на значењето на евроатлантските интеграции за Република Македонија.
Денот на НАТО традиционално се одбележува во сите земји-членки на Алијансата, како и во земјите-партнери. На овој ден 1949 година, во Вашингтон (САД) 12 земји, го потпишаа Договорот со кој се конституира Северноатлантската алијанса.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа