Каде ќе се растрчаат денеска кандидатите за претседател?

Продолжуваат активностите од предизборната кампања. Кандидатите за претседател на Република Македонија денеска ќе одржат митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места.

Ѓорге Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи митинг во Куманово, а средби со граѓаните ќе реализира во Брвеница, Јегуновце и Липково.

Кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски ќе одржи митинг во Охрид и средби со граѓани во Дебарца, Вевчани и Струга.

Коалицијата ГРОМ, пак,  со кандидатот Зоран Поповски ќе има митинг во Кочани и средби со граѓани во селата Црник, Робово и Ратево.

04.04.2014 - 08:13
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега