Перез: Мурињо си заминува од Реал Мадрид

Претседателот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Флорентино Перез и официјално му се заблагодари на Мурињо, за постигнатото во клубот и соопшти дека веќе од следната сезона „кралевите“ ќе ја започнат со нов тренер, а како најсериозен кандидат за смена на Португалецот се навестува името на сегашниот тренер на Баерн Минхен Јуп Хејнкес. Перез истакна дека одлуката за заминувањето на Мурињо е обострана и дека тој не е отпуштен од клубот. Како негова следна дестинација се смета дека ќе биде неговиот стар клуб во Премиер Лигата тимот на Челзи. Во Мадрид Мурињо пристигна 2009 година, и со тимот на „кралевите“ успеа да постигне еден шампионски трофеј, еден трофеј во Копа дел реј и еден Супер Куп.

најчитано сега