Македонецот Тони им оставил порака на децата на Facebook ја убил жена му па се самоубил

Трагедијата која се случи во Сиднејската населба Карлтон длабоко  ја потресе македонската заедница во Сиднеј и Австралија. Од засега не разсјаснети причини триесет и осум годишниот Тони.К  со неколку истрели од огнено оружје ја убил својата сопруга триесет и шест годишната Татијана К. а потоа сам си го одзеде животот, пишува австралискиот портал Шило

Брачната двојка зад себе остави три малолетни деца кој за среќа за време на убиството се наоѓале кај родителите на сега починатиот Тони. Македонската јавност низ Сиднеј длабоко шпекулира за причините но се чека официјален извештај од Сиднејската полиција која врши обдукција на телата.

Пред да се убие Тони.К постирал последна порака до своите деца на фејсубк профилот каде што пишува дека така морало да биди и дека тој и мајката на децата, ќе ги гледале децата од небото.

Во пораките пишувал и дека  наводно се сомневал дека сопругата го изневерува.

03.04.2014 - 22:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега