"Ме претепаа и ме силуваа со лопата"

Имав 14 години кога започна војната. Ме затекнаа во логорот, каде што секојдневно бев подложена на тешка физичка работа. Подоцна мене и уште три жени не одвоија од останатите и не однесоа во една куќа. Војниците пиеја, а ние им служевме како робови, а потоа не силуваа", раскажала со солзи во очите Лејла

Би-би-си пренесе трогателна приказна од девојка која ја преживеала војната во Босна. Станува збор за Босанката Лејла, која си ја отворила душата и раскажала за ужасот низ кој поминала додека траела војната во Босна. 
Имав 14 години кога започна војната. Ме затекнаа во логорот, каде што секојдневно бев подложена на тешка физичка работа. Подоцна мене и уште три жени не одвоија од останатите и не однесоа во една куќа. Војниците пиеја, а ние им служевме како робови, а потоа не силуваа", раскажала со солзи во очите Лејла за Би-би-си.

Не се знае точниот број на жртви на силување за време на војната во БиХ, но се работи за десетици илјади, и тоа не само жени, а приказната на Лејла е само една од илјадниците останати кои се слични. Се проценува дека за време не војната во БиХ се силувани меѓу 20.000 и 50.000 жени. Точниот број никогаш нема да се дознае, бидејќи тие не сакаат да зборуваат за своите трауми. Стравуваат дека доколку проговорат, во општеството ќе бидат стигматизирани. 
Научниците, пак, велат дека војната во БиХ создала своевидна хиерархија на трауми. Злосторствата кои се случувале меѓу 1992 и 1995 година довеле до тоа сексуалното насилство да се третира како помало зло" од мачењето, убиството или етничкото чистење. Случаите на силување во војната често се испратени во судовите од понизок степен, во кои не постои никаква заштита на сведоците и во кои жртвите често мораат да сведочат пред своите напаѓачи.
Што повеќе војната тоне во минатото, на жените им е потешко да говорат за тоа. Сметаат дека општеството е уморно од се, дека општеството не сака да слуша за тоа што им се случило, дека сака да оди напред", изјавила Нела Поробиќ од Меѓународната лига на жените за мир и слобода.
Но, не се само жените жртви на силување во војната. Зихнија бил војник во армијата на БиХ, а и ден-денес со треперлив глас говори за она што му се случило.

Воената полиција ме одведе во некој подрум, каде што ме претепаа додека не се онесвестив. Кога се разбудив, еден од војниците зеде лопата, ми ја искина облеката и ме силуваше со неа. Потоа ме фрли на подот. Мислеа дека ќе искрварам. Кога ќе изгубите рака или нога, тоа е нешто што можете да го видите, но не се гледа кога ве боли душата. Можеби изгледам како карпа, но јас сум само лушпа од човек. Само лушпа", ја раскажува својата приказна Зихнија.

Инаку, за проблемот со сексуалното насилство ќе се говори на голема меѓународна конференција во Лондон, со која ќе претседава британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг и славната актерка Анџелина Џоли, која минатиот месец ја посети БиХ.

03.04.2014 - 22:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега