Триесет мртви од лизгање на земјиште во САД

Бројот на потврдените жертви при лизгањето на земјиште во државата Вашингтон денеска достигна 30 лица, откако беше објавено името на уште еден загинат.

Локалниот оддел за судска медицина во округот Сохомиш соопшти дека 67-годишна жена им подлегнала на повредите здобиени во инцидентот. Таа се наоѓала на списокот со исчезнати лица, со што тој се намалил на 17 луѓе.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрага по тела на загинатите во лизгањето на земјиштето од 22 март, кое го погоди местото Осо, на 55 километри северно од Сиетл.

03.04.2014 - 20:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа