Поради „субверзивни активности“ уапсени 25 Украинци на руска почва

Руските власти уапсија 25 украински државјани под сомнеж дека подготвувале „субверзивни активности“ на територијата на Русија, јави ИТАР-ТАСС.

Според податоците на тајните служби, терористичките напади требало да се случат од 14 до 16 март во неколку руски региони.

Меѓу уапсените тројца се активисти на ултрадесничарската организација Десен сектор, кои признале дека добиле инструкции од украинските разузнавачки служби.

Детали за апсењето како и имињата на уапсени не се соопштени.

03.04.2014 - 20:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега