Расмунсен: Не го кршиме договорот со Русија, туку ја зацврстуваме одбраната во источна Европа

НАТО денеска негираше дека го прекршува договорот со Русија со тоа што ги зајакнува своите сили во источна Европа, и притоа ја обвини Москва дека „го крши секој принцип и меѓународна обврска што ги има преземено“, окупирајќи го украинскиот Полуостров Крим.

Русија претходно соопшти дека од Алијансата бара одговори за нејзините активности во источна Европа, откако НАТО вети дека ќе ја засили одбраната на своите источни земји-членки.

Генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен, меѓутоа, денеска изјави дека не добил никакви прашања од Москва и руските обвиненија ги нараче „пропаганда и дезинформации“.

Руските медиуми јавија дека Русија својот главен воен претставник во НАТО го повикала на консултации во Москва.

- Не гледаме можност за продолжување на воената соработка со НАТО, изјави рускиот заменик-министер за одбрана Анатолиј Антонов, објаснувајќи ја одлуката за отповикувањето на генерал Валери Евневич од седиштето на Алијансата во Брисел.

НАТО ја замрзна својата соработка со Русија заради анексијата на Крим. 

03.04.2014 - 19:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега