ФОТО: Двајца браќа благодарение на Инстаграм прават милиони

 

Тал Александар со својот брат Орен јава камили, јаде во најскапите ресторани и патува ширум целиот свет. Но, она што е особено интересно е фактот дека трговецот со недвижнини не би бил толку успешен во својата работа, кога би го немал профилот на Инстаграм.

Браќата Тал и Орен неодамна продадоа зграда во Њујорк по сума од сто милиони долари, што воедно е и најскапо продадената њујоршка недвижнина во историјата.Пред две години пак, тие склучија договор за продажба на луксузна вила во Мајами по цена од 47 милиони долари.

И двата успешно склопени договори овие трговци ги извеле без употреба на телефон, односно благодарение само на Инстаграм.

„За шест недели продадовме две куќи само врз основа на виртуелното пријателство со брокерите кои што ги следат нашите профили”, вели Тал во интервјуто за “Business Insider”.

03.04.2014 - 16:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа