Ова е најлошата вест за викендот кој следи

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. До крајот на денот облачноста насекаде ќе се зголеми. Ќе дува и слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, а до крајот на денот со зголемена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

За време на викендот ќе има врнежи од дожд. Наместа се очекува врнежите да бидат пообилни, особено во сабота попладне до недела попладне кога во овој период ќе има и појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во сабота ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер.

03.04.2014 - 16:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега