ВИДЕО: Куќата ја претвориле во бункер за дрога - дилери од Гостивар паднаа во рацете на полицијата
Нарко-дилери паднаа во рацете на македонската полиција. Во руинирана куќа во гостиварското село Церово се пронајдени 4 кг марихуана, 353 таблети екстази (во форма на срце, триаголник и круг) во различни бои, 15 пакувања бела прашкаста материја за која се претпоставува дека е кокаин, 200 зипер кеси и 2 дигитални ваги.
Оваа куќа дилерите ја користеле како бункер за складирање дрога.
Истите се приведени во полиција во рамки на акцијата „Мрежа".
ВИДЕО: Македонска Полиција
03.04.2014 - 15:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа