Јанкулоска се сретна со Џуп Гус

 

Министерката Гордана Јанкулоска денеска заедно со претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата го прими првиот човек на Меѓународната организација за безбедност во сообраќајот (ПРИ), Џуп Гус.  

Јанкулоска истакна дека досегашната соработка меѓу МВР и РСБПС е на извонредно високо ниво за што сведочат мноштвото заеднички проекти и активности во изминативе години. 

Гус на средбата нагласил дека годинава Република Македонија е избрана како земја домаќин на Светскиот конгрес на меѓународната асоцијација, што ќе се одржи во мај, и притоа упатил покана до МВР за учество на таа Конференцијата. 

 

03.04.2014 - 15:01
Фото: 
мвр

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега