„Моето бебе е зависник од хероин“ - потресна исповед на мајка зависничка од дрога

35- годишниот Корин Кејси се била дрогирала во текот на целата бременост и никогаш нема да може да си прости што родила ќерка која по нејзина вина, веќе од раѓање била зависник.

Нејзината ќерка Џорџија сега има 11 години, а Корин сега има 7 деца и не се дрогира со години, но  вината што била себична и го ризикувала здравјето на својата ќерка ќе ја прогонува додека е жива.

Корин дури и си го продала телевизорот за да купи дрога, но си ветила дека повеќе нема да користи дрога кога видела како нејзиното новороденче поминува низ детоксикации. Моментот кога на своите деца признала за дрогата и било потешко дури и од самотот одвикнување на дрогата.

Сега оваа мајка на седум деца им помага на другите кои се одвикнуваат од дрогата.

- Бев лоша мајка бидејќи  сум размислувала само на дрога. Никој не може повеќе да се срами и кае од мене, но морав да бидам искрена со нив за да продолжам да живееам понатака и да им помогнам на другите“, рекла мајакта

 

 

 

03.04.2014 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега