По грешка и уплатиле 63.000 евра - ги потрошила за еден ден!

 

Верувале или не, на невработена Британка по грешка и уплатиле 62.700 евра кои ги потрошила за само еден ден!

Се работи за млада девојка од Велика Британија чиј идентитет не се открива, на чија сметка по грешка пристигнала огромната сума на пари. Британката кога здогледала колку пари има на сметката, се шокирала, но не размислувала долго што да направи со парите. Таа веднаш отишла на шопинг и си купила скапи парчиња облека, на кои ги потрошила сите пари кои ги добила по грешка.

На 24 април минатата година Британката била фатена и обвинета за поседување нелегално стекнати средства.

 

03.04.2014 - 13:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега