Трагедија: На тинејџер му откажало срцето во теретана

Трагедија го потресе Врање. 18-годишното момче Немања Кочиќ кој е ученик во средното медицинско училиште, вчера го загубил животот додека вежбал во теретана, најверојатно поради преголемо оптеретување, замор и преголема физичка активност.

На младото момче му се слошило додека било во теретана, па веднаш со возило на Итната помош било пренесено во болница. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но и покрај сите напори, за жал, момчето го загубило животот.

Родителите на детето не се согласиле да биде извршена обдукција, а погребот е денеска во 14 часот.

03.04.2014 - 13:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега