Таксистот: Стругар ми ја скрши вилицата ќе го тужам!

 

Ѕвездата од филмот Монтевидео, Петар Стругар вели дека возачот на такситот прв го нападнал него и неговата сопруга Ивана Николиќ.

Но возачот Јован Станојевиќ за српски Блиц изјавил:

"Возев и го видов Стругар како поминува улица но не беше на пешачкиот премин, поради тоа јас му свирнав за да можам да поминам. Тој носеше ќесе и почна да урла и да удира по автомобилот. Излегов од автомобилот за да го прашам зошто го направи тоа, а тој почна да се колне и навредува мене на национална основа. Ме удри неколку пати со тупаница во главата, паднав, и тој ме шутна додека лежев на земјата. Потоа дојде неговата жена и ме обвини за напад на нејзиниот сопруг".

Кога полицијата дошла на местото на злосторот прво разговарала со Стругар а како што вели таксистот нему му рекле да се тргне на страна за да не му напишат пријава. Во меѓувреме стигнала првата помош која не го ни погледнала таксистот туку веднас се фрлила на сликање со актерот.

Ќе го тужам спремен сум да одиме на детектор за лаги, па таму да утврдиме кој ја зборува вистината, вели револтираниот таксист и додава дека поради нанесената повреда не е способен да работи.

 

 

 

03.04.2014 - 12:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега