Обожавателки ја тужат Бијонсе бидејќи доживеале несреќа на нејзиниот концерт!

Две обожавателки пред да влезат на концертот на Бијонсе во 2013-та година, паднале од турканиците во публиката и поради повреда завршиле во болница.

Девојките Ракел Кастељанос и Габриела Давидсон се огорчени што не успеале да бидат на концертот на Бијонсе во Чикаго и одлучиле да ја тужат неа и концертната сала The United Center, во која се одржал настапот од организаторот Live Nation. Тие со цел да се доближат што повеќе до бината дошле неколку часа пред концертот, но на влезот на концертната сала тие паднале од турканицата во публиката и поради тоа завршиле со фрактури на коските, по што итно биле пренесени во болница.

Разочарани и повредени, двете девојки очекуваат Бијонсе и организаторот да им надоместат со парична отштета, поради претрпена болка.

03.04.2014 - 11:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега