Нано Ружин: Не можев да се пронајдам на листата анонимци на СДСМ
Потпретседателот на ЛДП Нано Ружин проговори за одлуката да се повлече од листите на СДСМ. Тој во интервју за магазинот Интервјуа, вели дека со своето политичко искуство не можел да се прондаје меѓу листата со анонимни поитчки кадри на СДСМ.
„Јас на таа листа не можев да се пронајдам. Сум поранешен претседателски кандидат со 42.000 освоени гласови, поранешен амбасадор, редовен професор, одликуван со највисокото француско признание Витез на легијата на честа, повозрасен, постојано присутен во медиумите... Затоа сметав дека на таа листа треба да се најде некој помлад човек, и со својата постапка сакав да ги повлечам и останатите функционери на ЛДП да го следиме примерот на СДСМ. За жал, останав осамен, но сепак дадов пример дека во политиката постои и политичка деонтологија и фер-плеј. Притоа, секако дека жалам што се исклучив, но барем имам достоинство и секого можам да погледам во очи“ - вели Ружин за Интервјуа.
Сепак, тој ја оправдува одлуката на СДСМ на изборите да се истрча со кадри кои немаат никаков политчки бекграуд.
„Бев изненаден од одлуката на СДСМ, бидејќи нивниот Централен одбор заседаваше три часа по одржувањето на конференцијата на ЦО на ЛДП. Но, бев пријатно изненаден од составот на листите, зашто на нив се појавија многу нови лица, млади луѓе, мажи и жени од разни профили, кои со мали исклучоци немаат зад себе некој поголем политички background. Тоа е и храбра и добра одлука на двоецот Заев-Шекеринска.“ - вели Ружин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа